Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ги известил надлежните органи во Црна Гора дека добил информација дека против него се подготвува обид за атентат, јавија денеска подгоричките медиуми.

Од Управата на црногорската полиција доцна синоќа за „Вијести“ изјавија дека полициските власти немаат податоци кои би укажале на планирани активности кои би имале за цел да ја загрозат безбедноста на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ.

Извор близок до Ѓукановиќ изјавил дека висок странски воен функционер на должност во Косово го предупредил дека „организирана криминална група од една соседна земја наводно планира да изврши атентат во соработка со безбедносните служби на друга соседна земја“.

Од кабинетот на Ѓукановиќ, на прашањето дали некој од безбедносниот сектор го известил дека неговата безбедност е загрозена, на „Вијести“ му рекле дека горенаведените информации ги добил од одредени меѓународни претставници од разузнавачката заедница и дека ги известил државните органи со оваа информација.

Треба да знаете
Последни објави