Покрај екстремно топлото време викендов и екстремно високите температури кои во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина до околу 40, 41 степен, во попладневните часови очекуваме и делумна дестабилизација на атмосферата.
Во западните предели од државава викендов и тоа во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, но и со услови за појава на град.
Следете ја алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” на следниот линк и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/