Ако под маргиналец СДС се споредува со нивниот настап на самитите на НАТО кога имаа по 2 средби, и пуштаа 2 соопштенија, наспроти остварени над 20 средби и разговори со државници од НАТО алијансата, фуриозна и динамична агенда на Мицкоски поздравена од сите, тогаш СДС и малиот Заев- Филипче имаат сериозен проблем со термините.
За 5 дена две големи важни економски одлуки. Нова инвестиција Вабтек инвестира 35 милиони евра и отвора над 100 работни места! Обезбедена специјална економска соработка и 500 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис и инфраструктурниот развој на државата.
Поминаа времињата кога патувањата на Заев и неврохирургот на Заеви Филипче беа за лични цели, да отвораат фирми, возат мотори и да ја распродаваат Македонија.
Ова е време кога Владата работи за народот. Ова е време кога Владата работи за народот. И нека се навикнува СДС на тоа што значи одговорна влада и одговорно однесување кон народот и гласачите, затоа ќе дојде време и за нивна одговорност кога ќе сфатат дека и 180 илјади гласови им се премногу, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.