Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(74), и електричен тротинет управуван од М.Ф.Ц.(20) од Камерун.
Во несреќата возачот на електричниот тротинет се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје