Алкараз втор пат по ред го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2024 година – 6:2, 6:2, 7:6 (7:4) кое траеше два часа и 30 минути.

Ѓоковиќ не успеа да го освои својот осми трофеј на Вимблдон, односно 25. Грен слем, што го направи неприкосновен во светскиот тенис, а треба да се напомене и дека 21-годишниот Алкараз денеска го одигра веројатно најдобриот меч во кариерата.

Алкараз со ова стана деветти тенисер во историјата на Вимблдон кој ја одбранил титулата, а воедно е и четврти тенисер со четири гренслем-титули до 21-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави