Министрите Тошковски и Мисајловски на терен: Пожарот во Неготино е под контрола, Владата донесе одлука за 30 дневна кризна состојба

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за одбрана Владо Мисајловски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов направија теренска посета на Неготинскиот регион зафатен со пожари.

На терен со заеднички сили на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ЦУК, со поддршка на локалните самоуправи во тек е акција за справување со пожарите. Вклучени се и хеликоптерите за гасење на пожарите.

Ситуацијата засега е под контрола и акцијата за гасење на пожарите е во тек. Владата донесе одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија.

Се испраќа за апел за внимателно однесување во потенцијалните жаришта поради енормно високите температури.

Треба да знаете
Последни објави