Пораз на Ѓорческа во финалето на фјучрсот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалниот меч на ИТФ фјучрсот W75 Рим што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Таа во финалето за еден час и 41 минута игра загуби од Русиката Оксана Селехметева со 2:0, по сетови 6:1 и 7:6.

За Ѓорческа ова беше второ финале во 2024 година, претходно во март играше во Ларнака, Кипар, а вкупно 35 во кариерата и има 13 титули.

Воедно ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра – 75.000 долари, претходно имаше два настапи на турнири од категоријата В60 на кои Ѓорческа победуваше.

Во текот на фјучрсот македонската тенисерка до финалето имаше победи против Л. Кунг (Швајцарија), К. Дину (Романија), В. Лепченко (САД) и П. Марчинко (Хрватска).

Треба да знаете
Последни објави