Др. Нико Беќаровски: Денес “жртва” е медицинска сестра на Педијатрија, но утре може да биде секој од нас

Деновове главна вест е повредата на мало детенце на Клиниката за детски болести во Скопје, па надлежните веднаш се фатија за работа за да ја пронајдат медицинската сестра која според зборовите на родителите го повредила детето само затоа што мајката не знаела да зборува македонски јазик.

Новиот министер уште истиот ден се сретна со родителите и вети дека ќе има казни!

По овој повод се огласи и доктор Нико Беќаровски кој вели, не верува дека некоја медицинска сестра намерно би можела да му наштети на било кое дете и се сомнева на уште една политичка хајка.

“Во изминатите 35 години сум работел и соработувал со стотици здравствени работници.

Некои биле постручни, некои биле повешти, некои поснаодливи, некои почуствителни, некои помрзливи, некои недоучени, некои приучени, некои бесчувствителни, И СИТЕ без исклучок некогаш ненамерно сме згрешиле, НО НИКОГАШ не сум сретнал здравствен работник кој #НАМЕРНО_ПОВРЕДИЛ_ПАЦИЕНТ, а уште помалку недолжно мало дете.

Ако навистина има таков #МОНСТРУМ во нашите редови, најстрого да се казни, НО АКО ова е само уште една политичка пресметка за создавање непотребни меѓуетнички тензии, #НАРАЧАТЕЛИТЕ јавно да се жигосаат.

И ВЕДНАШ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ПРАВАТА И ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ.

Денес “жртва” е медицинска сестра на Педијатрија, но утре може да биде секој од нас.

Р.Ѕ. сите навредливи коментари и коментари со националистичка содржина веднаш ќе бидат отстранети”, напиша докторот на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави