Како што претходно објавивме вечерва крај селото Орман во Скопје, со тешки повреди бил пронајден бизнисменот Чедо Радомировиќ.
Како што дознава 24инфо.мк, Радомировиќ бил пронајден до неговото возило марка „Лексус“ со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура.
Во моментите кога бил пронајден Радомировиќ давал знаци на живот и со итна помош бил пренесен на скопските клиники, но таму им подлегнал на повредите.
Дополнително ќе се истражува дали се работи за убиство или самоубиство.