МВР почна да го користи системот „Безбеден град“ – први казни заработија полицајци

Министерството за внатрешни работи денеска објави видео снимки од од системот Безбеден град за тројца полицајци кои се осомничени дека на возач, со цел да не му пишат казна за прекршок, му побарале да им купи нешто за „освежување“ од блискиот маркет.

На снимката може да се забележи како момче купува производи во маркет а потоа истите им ги дава на полицајците кои седат во полициско комби на улицата „Даме Груев“ во Скопје.

Овој инцидент се случил на 4-ти јули, а според информациите се работи за полицајци вработени во ПС Центар.

Треба да знаете
Последни објави