Најмалку 19 лица се повредени во пожар на туристички брод во близина на брегот на турското летувалиште Мармарис, од кои тројца се во тешка состојба, соопшти Командата на крајбрежната стража.
– Поради пожарот на туристичкиот брод Иглс, евакуирани се 96 патници и шест членови на екипажот, соопшти Командата на крајбрежната стража, пренесуваат турските медиуми.
Дрвениот брод долг 20 метри, кој се користи за еднодневни патувања, од засега непозната причина се запалил во 16 часот по локално време.