Како што претходно беше објавено, безживотното тело на девојката го пронашол вработен на браната, кој пријавил дека е забележан безживотен труп и повикал полиција и Брза помош, кои само констатирале смрт.
Според соопштнието на полицијата, во неделата околу 20,13 часто во Полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие „Водостопанство“ било пријавено дека на подножјето на браната „Градче“ било пронајдено тело на починато женско лице.
Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по извршениот увид и извршеното препознавање од родителите било утврдено дека станува збор за 26-годишната Н.Ј. од Кочани. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.