Вчера во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.