Македонската поп пејачка Елена Ристеска многупати досега отворено зборуваше за смртта на својот татко и каков ефект оставил тој настан во нејзиниот живот.
Таткото на Елена за жал ја изгуби битката со ракот во 2016 година, а пејачката токму поради болката и празнината која остана по неговото заминување со години не сакаше да запее, па целосно се повлече од јавноста.
Вчера, Ристеска на социјалните мрежи уште еднаш сподели емотивна објава за нејзиниот татко кој, да беше тука ќе го прославуваше својот роденден, 8ми по ред откако го напушти овој свет. По тој повод пејачката сподели неколку заеднички фотографии и му ја посвети песната “Ех да можам да го вратам времето” која таа ја напиша за својот колега и пријател Ламбе Алабаковски.
„Осми роденден без тебе тато.
Кога ја пишував песнава, како да ја пишував за тебе:
Ех, да можам да го вратам времето,
ех, да можам да те вратам со него.
Тогаш сѐ би било знај совршено,
Јас и ти би биле среќни заедно“, напиша Елена покрај фотографиите.