Раководител во општина Бутел, на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир пријавил дека добил СМС пораки со заканувачка содржина, од вработените во општината А. Е. и Б. Р., соопшти општина Бутел.
Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава од полициската единица за насилен криминал.
-Од страна на ЕНК-ОНК превземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е. и Б. Р., обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор. Во консултација со ОЈО Скопје против истите ќе се поднесе кривична пријава по редовна постапка, соопштија од општината каде се случиле заканите од вработени врз раководител.