Во Нови Сад питбул териер го нападнал 56-годишниот З. Б. и му нанел повреди, од кои починал, а сопственикот на кучето, неговиот 24-годишен син Г. Б., е уапсен поради сомнение дека сторил тешко дело против општата безбедност.
На Г. Б. му е одредена мерка притвор до 48 часа по наредба на основниот јавен обвинител.
Како што соопшти новосадската полиција, питбулот синоќа во семејниот стан го убил педесет и шестгодишниот татко на осомничениот.