Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 денар за литар, а дизел горитовот се намалува за 1, денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
„Со ова, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83 денари, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,5 денари, па сега цената е 75,5 денари“, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.07.2024 година и со тоа, малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ден/лит.