Министерот за правда Игор Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој.
На средбата беа разменети мислења и информации за досегашната соработка на Министерството за правда со УНХЦР, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.
Договорено е во наредниот период да се преземат заеднички активности , да се посети Прифатниот транзитен центар во Гевгелија со цел да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите/бегалците до постапката за признавање на правото на азил.
Габриел Гуалано де Годој изрази благодарност за заложбите на Министерството за правда за поддршката и коордирањето на процесот за системско и трајно решавање на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица во нашата држава кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени со што станавме прва земја во Европа и втора во светот што го реши проблемот со неевидентирани лица.
Билатералната соработка и реализацијата на проектите ќе продолжат и во наредниот период.