Насилникот И.А. (40) го претепал неговиот син со раце и нозе во стан во Белград, а потоа му ги ставил стапалата и дланките на врел шпорет.
Осомничениот се товари за семејно насилство, пренесуваат српските медиуми.
Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало гребнатинки и модринки.
Но, при прегледот лекарите констатирале дека има изгореници и на дланките и стапалата.
За се е известено обвинителството и Центарот за социјална работа во Белград.
Момчето според написите, се уште е во тешка состојба.