Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Мишколц, Унгарија има забележителни резултати.
Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг).
Стефан Стојанович загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал, со минимални резултати 1-1, поради правило на прв земен поен и го оствари пласманот на петто место.
Во финалето, Заборски ќе има борба со Тим Штеинер од Германија, додека Божовиќ ќе се соочи со Словакот Томас Коса.