И покрај екстремно големата опасност од избувнување на пожари и покрај сите апели и забрани, еден дел од нашите сограѓани продолжуваат со крајно неодговорно однесување и предизвикување на пожари со кои се загрозуваат човечките животи и се уништуваат материјалните и природните ресурси, напишаа на својот фејсбук профил Пожарникари Струмица.
„Денес, 17.07.2024 година во 16.30 часот, ТППЕ Струмица, помеѓу с. Свидовица и с. Банско со тим од четири пожарникари-спасители и 1 ПП возило интервенираше на гасење на запалена викендичка која била зафатена од пожар предизвикан од запалена сува трева во нејзина близина. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран“, стои во објавата на пожарникари Струмица.