Угледниот д-р Игор Џиковски е нов директор на ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија. Тој завршил на медицинскиот факултет Скопје и е специјалист по општа хирургија и супспецијалист по торакална хирургија. Тој работи на клиниката од 2011та година, а годишно со над 250 оперативни зафати е еден од најпродуктивните доктори на државната клиника. Тој зад својата кариера има повеќе обуки и сложени операции низ повеќе европски и светски медицински центри, како Истанбул, Болоња, Солун, Киев и други места.