Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што ја направи уште во првите 10 дена како Премиер. Наместо да поканеше некој првенец на генерација или најдобриот студент, тој реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон како дел од владината делегација.
Три дена Мицко ги крие сметките за кои тврди дека ги платил од сопствени средства. Ако е така нека ги покаже сметките, зошто молчи три дена?
Фатени во злоупотреби, решија вниманието да го свртат со една голема лага, за наводната моја хациенда и разни теории за можни продажби и слично. Веќе видено сценарио. Истите овие обвинувања беа изнесени на прес конференцијата на пратеникот и тогашен и сегашен на ДПМНЕ, Драган Ковачки, против кого поднесов тужба за клевета. И иако бегаше од рочиштата и се обидуваше на секаков можен начин да ги одолговлекува, сепак правдата го стигна и судот пресуди дека лажел и ја манипулирал јавноста со цел да наштети на мојот углед.
Продолжете да пласирате лаги за мене, а јас ќе продолжам да поставувам прашања на кои сеуште немате одговор, а јавноста чека:
- Зошто за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?
- Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена, со несоодветно работно искуство?
- Кога Мицкоски ќе се извини за злоупотреба на позицијата и организирање прошетки на неговиот син во Вашингтон?
- Зошто за директор на Управата за извршување на санкции поставите лице со несоодведно искуство?
- Дали финансискиот пакет со Унгарија е билет за враќање на Груевски во Македонија?
- Дали сте свесни дека со упадот кој го правите во безбедносните служби со поставувње на несоодветен кадар, кои се послушници на подземјето на ДПМНЕ ја загрозувате позицијата на Македонија како НАТО членка?
Времето ви изминува, наскоро вистината на виделина….
Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ