Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, сите знаеме дека јули е најтоплиот месец во годината, но сепак и покрај ова поради екстремно топлиот бран кој не зафати изминатите веќе две недели а тој и понатаму продолжува, температурите се далеку над просекот за овој месец, и не само кај нас, туку и во целиот регион, како и во најголемиот дел од Европскиот Континент.
Особено во источна европа, како и на Балканот, па така и во Македонија температурите се повисоки од просечните дури за 10 до 16 степени, што е навистина премногу. Ваквата состојба со времето продолжува се до крајот на оваа недела, но за викендот очекуваме мал пад на температурите, но и појава на попладневни грмотевични облаци, како и појава на локално невреме.
Сепак, според најновите достапни метео информации, поголемо освежување на времето се очекува од следната недела, и токму тогаш температурите би биле дури и потпросечни за месец јули, што значи не очекува голема промена на температурите.