Кризниот штаб на Општина Неготино се огласи со соопштение за состојбата со пожарот на Серта, и за утре побара интензивна воздушна поддршка за гасење.
Имајќи предвид дека во текот на денешниот ден изостана најавената масовна поддршка од воздухоплови при гаснењето на пожарот на Серта од неготинска страна, Кризниот штаб на вечерашниот состанок заклучи да се апелира до надлежните институции утре ( 18.07. ) да се обезбеди ветената поддршка. Ова од причина што денеска од воздух интервенираа 2 хеликоптери во краток временски интервал, недоволно за остварување на посакуваните ефекти.
Уште повеќе што станува збор за крајно непристапен терен каде не може да се интервенира со луѓе и механизација, туку може да се дејствува само од воздух.
Кризниот штаб има разбирање за актуелната состојба со пожарите кои се присутни во цела Македонија, знае дека ситуацијата се менува од час во час и приоритетите се утврдуваат во зависност од проценките на стручни лица, но сепак апелира и очекува во текот на утрешниот ден присуство на авиони, ер трактори и хеликоптери во гаснењето на пожарот од неготинска страна, порачаа од штабот