Голманот на Барселона, Џастин Корнехо (20) почина откако се здоби со повреди по пад во туш. Еквадорецот се лизнал додека се туширал, паднал и удрил со глава.
Ниту непосредната реакција на лекарот, откако бил префрлен во болница, не помогнала. Медицинските лица констатирале дека паднал во кома и дека нема мозочна активност. Се предвидуваше „црн крај“, а два дена подоцна за жал тоа и се случи.
– Не постојат зборови или фрази кои можат да ја одстранат болката што ја чувствуваме во овој момент. Сеќавањето што го остави зад себе ќе ни даде сила заедно да го пребродиме ова. Цустин, засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Почивај во мир пријателе. Те сакаме многу – соопштија од Барселона.