Судот во Милано ѝ наложи на новинарка да ѝ плати на италијанската премиерка Џорџа Мелони 5.000 евра отштета затоа што ја исмевала во објава на социјалните мрежи, објави новинската агенција АНСА и други локални медиуми.
Новинарката Џулија Кортезе, исто така, доби условна казна од 1.200 евра за исмејување на висината на премиерката на X, поранешен Твитер, во октомври 2021 година, што беше дефинирано како „посрамување на телото“.
Мелони, чија екстремно десничарска партија Браќата на Италија беше во опозиција во тоа време, се налути кога Кортезе објави лажна фотографија од неа со покојниот фашистички лидер Бенито Мусоини во позадина.