Поради високите температури грчкото Министерство за култура соопшти дека сите археолошки локалитети во Атина ќе бидат затворени од пладне до 17 часот.
Температурите во земјава се очекува да останат високи денеска, 11-ти ден по ред, а топлотниот бран ќе трае до недела, пренесува Прототема.
Вчера поради екстремни температури беше затворен туристичкиот локалитет Акропол, а одлуката е донесена да се заштитат и вработените и посетителите, објави вчера Катимерини.