Невремето кое зафати делови од Скопје направи огромни материјални штети. Според фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција, во скопската населба Маџари има паднат лимен кров врз повеќе паркирани автомобили, а некои се буквално смачкани.
По невремето кое траеше околу половина час, во истата населба има и паднати дрва, улиците се преплавени со вода, а повеќе општини останаа и без електрична енергија.