Ненадејната објава на Махра, ќерката на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, предизвика шок во земјата и пошироко. Махра објави дека се разведува од нејзиниот сопруг, шеикот Ман Ал Мактум, преку својот инстаграм-профил.
Двојката се венча во јуни 2023 година, а пролетта добија ќерка.
„Драг мажу, додека си зафатен со други придружнички, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, пишува во објавата на Инстаграм.
Потсетуваме дека во 1993 година, Зои Григоракос се омажи за владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, а во 1994 година ја добија ќерката Кристина. Ќерката на владетелот живеела со мајка си во Лондон и во Грција. На 16-годишна возраст, Кристина се преселила во Дубаи, преминала во ислам и добила ново име – Махра. Исто така, девојката доби кралска титула од нејзиниот татко.