Дејвис Куп репрезентацијата на Србија на 14. и 15. септември ќе игра во Белград против Грција во плејоф меч за пополнување на Светската група каде во репрезентацијата на нашиот северен сосед ќе биде и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.
За овие дуели тренерот Виктор Троицки на располагање ќе ги има Новак Ѓоковиќ, Миомир Кецмановиќ, Ласло Џере, Душан Лајовиќ и Хамад Меџедовиќ.