Фатени во скандали за само 20 дена власт на локално ниво, пола Македонија изгоре заради нивните неспособни градоначалници упорно се обидуваат да ме замолчат за прашањата на кои одговор чека македонската јавност и тоа со повторување на една иста лага од Центарот за манипулации и дезинформации на ДПМНЕ.
Барате одговор, еве ви: Немам хациенда и никогаш не сум поседувала, не кријам имот, ниту пари. Сум имала тежок период во животот со семејни трагедии и финансиски загуби, во време на режимот на ДПМНЕ, ама не ме уништивте ни тогаш, а нема ни сега.
Наместо да праќате соопштенија и да ја тормозите јавноста, обратете се до МВРО, Финансова полиција, Јавното обвинителство, Управа за финансиско разузнавање и Агенцијата за катастар на недвижности. Сите овие институции се под ваша команда, нека отворат истрага и нека најдат непријавен имот или пари на мое име. Ако најдат ќе ги донирам за потребите на Мицко и фамилијата, да го прошетаат светот на наш трошок.
А во меѓувреме јавноста уште чека одговор за:
1. По кој критериум синчето на Мицко се најде во владината делегација за Америка?
2. Зошто за помошник министер во МВР е поставено лице со активна кривична пријава? 3. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена, со несоодветно работно искуство?
4. Зошто за директор на Управата за извршување на санкции поставите лице со несоодведно искуство? За да може да го прикрива бегството на осудените од 27ми април?
5. Дали финансискиот пакет со Унгарија е билет за враќање на Груевски во Македонија?
6. Дали сте свесни дека со упадот кој го правите во безбедносните служби со поставувње на несоодветен кадар, кои се послушници на подземјето на ДПМНЕ ја загрозувате позицијата на Македонија како НАТО членка?
Одговори, не лаги…Македонија чека…
Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во Собранието на РСМ