Попусти до 70% на Late Night Shopping во Diamond Mall

Шопинг и забава во доцните вечерни часови на 19 и 20 јули во Diamond Mall. Посетителите ќе можат да ги искористат атрактивните попусти, кои се движат и до 70 проценти, како и да уживаат во специјалната понуда на храна и пијалаци во рестораните и кафулињата во Gourmet Avenue.

За време на дводневниот Late Night Shopping продавниците ќе работат до 23 часот, а во петок, на 19 јули, има и дополнителна причина за посета.

Тоа е настапот на бендот Поп Арт во Gourmet Avenue, кој ќе започне во 21 часот. На ваков начин Diamond Mall им овозможува на посетителите да уживаат во несекојдневни искуства и им нуди одлично шопинг доживување, со ексклузивни попусти и понуда, како и со можност да се забавуваат со музика и уникатна храна во Gourmet Avenue. Трговскиот центар Diamond Mall се базира на уникатен концепт кој обединува богата понуда на привлечни брендови, можности за уникатно гастрономско искуство во Gourmet Avenue, како и првиот и најголем центар за забава и едукација Dream Zone, наменет за деца од сите возрасти.

ПР

Треба да знаете
Последни објави