Јанушев добил на подарок градежно земјиште во општина Центар вредно 325.000 евра

Генералниот секретар на Владата Игор Јанушев во најновиот анкетен лист за имотната состојба пријавил дека во 2023 година по основ на договор за подарок се стекнал со градежно изградено земјиште од 165 м2 во скопската Општина Центар, пренесув СДК.мк

Според пријавеното, вредноста на земјиштето изнесува 20 милиони денари, или 325 илјади евра, и е со намена А2-2 станбено-деловна зграда.

Игор Јанушев беше назначен за генерален секретар на првата седница на новата влада минатиот месец, а беше пратеник во претходниот состав на парламентот.

Во септември минатата година беше неправосилно осуден на две години затвор условно за пропусти при набавката на кинеските автобуси во случајот на поранешното СЈО познат како „Дизајн“. Јанушев беше директор на ЈСП во 2010 година кога беше направена набавката на двокатните автобуси.

Треба да знаете
Последни објави