„Конад“, еден од најголемите италијански синџири супермаркети, влегува на нови пазари на Балканот.
Филијалата на „Конад“ во Албанија објави дека планира да го прошири синџирот на нови пазари и да влезе во Северна Македонија и Црна Гора. „Конад“ моментално работи со 40 модерни супермаркети опремени според највисоките светски стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години, пишува Retail Serbia.
Конад Албанија е дел од групата Конад Адријатико.
Првите супермаркети „Конад“ во Италија беа отворени во 1962 година. Покрај домашниот пазар, синџирот е присутен и во Албанија, Сан Марино, Кина, Малта и Косово.
Како што потсетува порталот, италијанскиот дисконтер Europsin планира да се прошири и на Балканот со влез на српскиот пазар