Денеска полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува на пожар што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, извести МВР.
При дејствувањето во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.