На 20.07.2024 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Зеф Љуш Марку“ во Скопје, патничко возило „форд ка“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(26) од Скопје, удрило во А.М.(82) двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.