По примерот на Северна Ирска и Белгија, опозициската ДУИ заедно со експерти разгледува модели за поделба на Македонија по региони, пиштува ТВ21
ДУИ за овој модел ангажирала меѓународни експерти и дел од авторите на Охридскиот договор.
Територијата на Белгија е поделена на три региони, од кои два, фламанскиот и валонскиот регион, се поделени на провинции. Тие се поделени според јазиците. Третиот регион е Брисел-Капитал, кој не е ниту покраина ниту дел од провинција.
Северна Ирска е поинаква. Законот за Владата на Ирска донесен во 1920 година предвидува две делумни самоуправни единици во Ирска, јужниот и северниот дел. Северниот дел има 6 области. Тие веќе не се користат за целите на локалната управа. Наместо тоа, има единаесет окрузи во Северна Ирска, кои беа создадени во 2015 година, заменувајќи ги дваесет и шестте области што постоеја претходно.
За премиерот Христијан Мицкоски ваквите најави на ДУИ се само обид да се заштити како што тој вели криминалот на оваа партија.
„Она со кое тие сега се обидуваат да настапат во јавноста е повторно политика на дезинтегрирање, нарушување на унитарниот карактер. Јас мислев дека ќе извлечат поука и ќе се извинат за трговскиот центар во центарот на Скопје, за „мајбах“ и „ролс ројс“ возилата, за тоа инстант фирми како милиони увезуваат, тендери, за наместените судии и обвинители. Само така можеме сериозно да ги разбереме. Сѐ ова останато, јас, простете, го сфаќам како обид да се заштити криминалот. И сѐ додека вака настапуваат, нема да наидат на сериозност никаде“ велиМицкоски.
Се очекува ДУИ во следниот период и официјално да излезе со конкретен предлог.