Безживотно тело на починат маж било пронајдено во мотел во Чаир.
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 21:40 часот, во мотел во општина Чаир, Скопје, било пронајдено безживотното тело на 38-годишниот Б.А. од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош ја потврди смртта на лицето.
По наредба на јавен обвинител, телото беше предадено на обдукција. Полицијата изврши увид на местото на настанот, а случајот се истражува.