Американската и светска ТВ мрежа Си-Ен-Ен пред малку објави дека оствариле разговор со кандидатот за претседател на САД на Републиканската партија, Доналд Трамп, откако неговиот главен ривал, актуелниот претседател и кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, кажа дека се повлекува од претседателската трка.
„Заминува како далеку најлошиот претседател во историјата на нашата држава“, рекол Трамп.
Бајден соопшти дека се повлекува од претседателската трка доцна попладнево по македонско време, но ќе остане до го дослужи мандатот како Претседател на САД. Беше под силен притисок да се повлече поради нарушеното здравје и очигледното опаѓање на когнитивните способности