Скопјанец пријавил во полиција дека во семејна куќа во Ѓорче Петров нашол пушка, муниција за неа и рачна бомба. Оружјето и муницијата ги презела Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи.
„Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавил дека на таван од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје пронашол една автоматска пушка, четири рамки за автоматска пушка, 381 куршуми калибар 7,62 мм, една рачна бомба и 20 чаури. Увид извршила екипа од СВР Скопје’, соопшти Министерството за внатрешни работи.