Полициски службеници се повредени откако се обиделе да сопрат возило со прилепски регистарски ознаки. Кога полицајците се приближиле до возилото, возачот го стартувавал возилото и се обидел да побегне.
„На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители” и булевар „Гоце Делчев” полициски службеници запреле патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Н. од Прилеп, но кога се приближиле до возилото, Д.Н. го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, известуваат од МВР.