Фатен крадец кој за една недела ограбил девет дуќани во Старата скопска чаршија пишува ТВ 21. Мета му биле златари, продавници за сувенири и за обувки. Кога се обидел и по трет пат да краде бил фатен од полицијата по заедничка координација со дуќанџиите.
Крадецот претходно оперирирал и преку ден за да ги разгледа условите за крадење, влегувал и прашувал за цените на производите за да види дали дуќаните имаат безбедносна камера.
„Навечер кога се изгаснати светлата по 1.30 часот, тогаш оперирал, кога првата ноќ пред една недела провалил во три дуќани и имал обид за два други дуќани кои не успеал да ги отвори. Во саботата навечер, успеал да отвори 6 дуќани за една ноќ а кои немале алармни системи, но за среќа два дуќани кои имале скриен аларм, истиот реагирал и се вклучил алармот и во неколку други дуќани за накит“, вели претседателот на Занаетчиите на Чаршијата Бујар Дулови.
Дулови се пожали дека дуќаните не смеат да постават камери пред влезот бидејќи тоа не го дозволува законот.
„Со закон немаме право да ја снимаме уличката. Немаме безбедносни камери во уличката што можат да го обезбедат патот низ Чаршија. Недостигот од безбедносни камери во чаршијата, недостигот на осветлување каде во вечерните часови во 01:30 часот се гасат светлата, во некои делови воопшто не работат а тоа е во нивна полза“, вели Бујар Дулови.