Имам проблем со колената, затоа летав со бизнис класа, вели во гостување на ТВ Телма премиерот Христијан Мицкоски во врска со патувањата во Лондон, Њујорк и Вашингтон.
– Да имаше Македонија пристојно летало немаше да користиме услуги на комерцијални авиокомпании, вели Мицкоски кој наброи кои светски лидери дошле со државен авион.
– Обично седам на „emergency exit“ поради тоа што има поголем простор кај нозете кај 11 и 12 ред, во економска класа. Кога летав за Лондон седев повеѓу 11 и 12 ред од седиштата, кога патував од Виена до Вашингтон и од Њујорк до Виена бев во бизнис класа, затоа што не можам, имам здравствен проблем со колената, малку сум повисок и потоа еден ден не сум функционален, затоа одбрав така, вели Мицкоски.