Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција.
Земјотресот е регистриран на 14 километри јужно од Езина, на околу 300 километри од Измир.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 18 километри.
„Многу се тресеше, многу се чувствуваше“, пишуваат граѓани на ЕМСЦ.
Не се знае дали има материјална штета. Земјотресот бил почувствуван дури и во некои делови на Грција.
За среќа, нема опасност од цунами.