Истрагата за заговорот на американските медиуми и политичари кои ја криеја вистината за психичката состојба на претседателот на САД Џо Бајден треба да биде следниот чекор по неговото одбивање да учествува во претседателската трка, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за ТАСС, коментирајќи го повлекувањето на Бајден.
„Следниот чекор треба да биде истрага за заговорот на американските медиуми и политички кругови, кои ја криеја вистинската состојба на работите за неговата психичка состојба, манипулирање со јавното мислење и играње со една политичка партија“, рече Захарова.
Руските медиуми ја објавија првата вест за повлекувањето на Бајден, најчесто повикувајќи се на извадоци од неговото писмо на социјалната мрежа Х, а изјавата на Захарова засега е прва официјална реакција на некој од руските функционери.