На 22.07.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково.
Тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори” по член 215, „трговија со луѓе” по член 418 – а и „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.
Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.