Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром Перо Билас денеска изјави дека ИТ системот на аеродромот синоќа бил нападнат од хакери.
-Причината за вчерашното нефункционирање на ИТ системот на аеродромот Св. Јеорним е хакерски напад, рече Билас. Тој нагласи дека во тој настан се вклучени сите надлежни служби.
Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија.
Ги молиме сите патници за трпение, рече Билас. Нападот бил извршен синоќа околу 19:30 часот и притоа не функционирал системот за одобрување полетувања и слетувања на аеродромот.
Ситуацијата почна да се нормализира околу 22 часот и 30 минути.