Американскиот глобален производител на електрични автомобили Тесла ќе почне да користи хуманоидни роботи следната година, изјави во понеделникот извршниот директор Илон Маск.
„Тесла ќе има навистина корисни хуманоидни роботи во ниско производство за внатрешна употреба следната година и се надеваме на високо производство за други компании во 2026 година“, напиша Маск на платформата „Икс“.
Хуманоидниот робот на Тесла по име „Оптимус“ првпат беше претставен во септември 2022 година.
Компанијата го претстави „Оптимус Ген 2“ минатата година како следната генерација на својот хуманоиден робот.
Маск претходно оваа година изјави дека верува оти „Оптимус“ ќе се користи за извршување на реални задачи во фабриките на „Тесла“ до крајот на оваа година.
Додека „Тесла“ има за цел да користи хуманоидни роботи за извршување на повторливи и опасни задачи во фабриките, американските потрошувачи на крајот би можеле да ги користат за комерцијални цели во своите домови, според експертите.