Маки мачат со вода жителите на населеното место Раштак, во скопската општина Гази Баба.
Како што сведочат граѓани, вода за пиење во ова населено место во летните месеци нема, а и кога ја има таа е со светло сина боја.
Жителите на ова населено место со години го имаат овој проблем, а токму неговото надминување беше едно од клучните ветувања на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски.
Но и во третата година од мандатот, проблемот со водоснабдувањето, се уште не е надминат.